Вести | Спорт | Автомото | Култура | Технологија | Lifestyle | Заедница | Занимливости | Компјутери | Блогови | Огласник | Форум | Забава

Што значи Mkd RSS?

Оваа страница е наменета да ги следи сите новости и вести од различни портали на едно место. Следењето на RSS каналите преку web – от е едноставно, без разлика дали го користите Вашиот компјутер или некој друг. Се што Вам ви е потребно е пристап на Интернет..

RSS каналите можете да ги следите и пребарувате, а можете да додавате (предлагате).

Со отварање на корисничка сметка можете да ги организирате RSS каналите. Ова ќе биде исклучително практично доколку следите одредени RSS канали или работите на различни компјутери.

RSS (Really Simple Syndication) е специјален документ базиран на XML (eXtensible Markup Language) формат кој го користат интернет страниците за рабирање на содржините. Ова денес претставува стандард на Интернет кој овозможува посебни програми од различни адреси на единствен начин да собираат наслови и делови од вести, блогови, информации за нови содржини, разни други информации и др. На овој начин на едно место, во унифициран интерфејс можете да ги следите насловите. А кога некојнаслов ќе Ве заинтересира, кликнувате на истиот и тој ве води на web-страницата каде што се наоѓа целиот текст од веста, статијата, блогот... RSS е формат што го чини тој процес едноставен, задржувајќи ја при тоа листата на линкови со нивните описи, кои пак од своја страна помагаат при одлуката за читање на статијата. Па така на брз и едноставен начин се дознаваат најновите информации од посебни категории.