Изјава на Министерот за образование и наука Перо Стојановски за одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката
Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска, при посетата на Битола изјави дека нема да ја коментира одлуката на Уставниот суд за укинување на предметот веронаука во основното образование и оти Министерството ќе постапи по неа. - Како министер нема да ја коментирам одлуката на Уставниот суд, бидејќи таа е извршна и МОН ќе постапи според неа. Нема да го коментирам ниту времето во кое е донесена со која е укинат членот 26, односно дали сега беше вистинскиот момент за една ваква одлука. Ќе причекаме таа да излезе во Службен весник и да го прочитаме образложението, бидејќи сме должни да им дадеме објаснување на 250 просветни работници кои реализираа настава по веронаука и кои сега ќе останат без работа, како и на 65 насто од учениците кои се одлучија да ја следат наставата по предметот веронаука, истакна Стојановски. Тој додаде дека Уставниот суд донел одлука со која ја укинал формата за реализација на веронауката, но не и потребата од реализирање на веронаука. Министерот за образование и наука денеска во Битола присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на нова спортска сала во општинското средно училиште „Јане Сандански“. Тој соопшти дека таа е прва од десетте фискултурни сали кои ќе бидат изградени во три средни и во седум основни училишта во Битола. Проектот треба да заврши за три години, а го финансира Владата. Инвестиција е вредна 56 милиони евра. Извор: МИА, 16.4.2009 година
четврток, 16. април 2009. 12:54 Прочитај ја целата статија Министерство за образование и наука - Р.М
[Сочувај] Тагови конкурси и тендери министер образование проекти










