Хороскоп

Овен (21 Март - 19 Април)
Тешко е да се биде скромен кога големи можности се на хоризонт. Најдобар совет: бидете дискретни околу своите намери. Би морале да знаете и дека превземањето на туѓите идеи нема да ве направат богати и славни. Работите кои изгледат предобро за да бидат стварни, не секогаш се вредни за труд, а можат да ви донесат и загуби.
Љубов: Мрзеливоста во љубовната врска не е нешто за фалење, па таа лекција ќе ви помине после лекцијата од партнерот. Самците би требале да ја пуштат фантазијата, да најдат своја мистериозна личност. Ако ви е до самотија, бранете го тоа свое право на уживање во сопствените мисли, без други лиоца во животот.
Бик (20 Април - 20 Мај)
Главната пречка на патот до богатството за вас е емоционалната нестабилност и неоможноста да оставите позитивен и убедлив впечаток. Како би било оваа недела да се обидете да се борите со тие проблеми наместо само да кукате? Биковите родени во втората декада овие денови ќе имаат прилика да ги избистрат своите мисли и идентитет.
Љубов: Што носи оваа недела? Вашите сетила се доста истенчени, толку да и самата близина или чувство на присутност на вашиот партнер ќе направи вашата фантазија да збесне. Биковите родени во втората декада би можеле да искусат волшебна еротичност и нови начини на препуштање на задоволствата. Самците би можеле да дојдат во искушение да стапат во врска, што не би смееле лесно да го прифатите.
Близнаци (21 Мај - 21 Јуни)
Платата која овие денови ја примивте ( или треба ), не ни помислувајте да ја потрошите само на себе. Наместо само да мислите на влогови и профит, поделете нешто и со децата, пријателите па дури и со кучето. На брзина донесените одлуки би можеле да ви дојдат преку глава во иднина, па подобро ништо не превземајте без консултација.
Љубов: Возбудени и спремни на се, оваа недела ќе доаѓате во искушение да на својот партнер му шепнете најдива фантазија која ја полни вашата глава и откријте ги своите фетиши. Во случај вашиот партнер да се во знакот на Водолија, тоа е вистинска комбинација! Самците нивните конфузни мисли и неразјаснети чувства би можеле да ги турнат во депресија.
Рак (22 Јуни - 22 Јули)
Вашата концентрација е најсилното оружје во борбата против преоптовареноста на работа. Во доста добра позиција сте за донесување одлуки. Немојте да се устручувате да превземете главна улога во кризните ситуации. Исто така, добар период е за зголемување на штедењето низ орочено девизно штедење.
Љубов: Експанзивна и возбудлива недела во љубовен поглед. За вас кои сте во врска, подобро е на саканата личност да и изразите убав гест отколку слатки зборови. Кај Раковите кои се во брак, би можело на површина да испливаат проблеми од интимна природа, но и тие поврзани со контролата на вашата или страната на партнерот.
Лав (23 Јули - 22 Август)
Време е да започнете да ги решавате проблемите на работа еден по еден. Анализата на моменталната ситуација ви е повеќе од потребна пред да донесете поголема одлука. Влоговите во мешовити фондови ќе ви донесат профит, а уплатата на штедење се препорачува, со напомена дека треба внимателно да ги читате ситните зборови на договорот кој го потпишувате.
Љубов: Некои врски на Лавовите би можеле да имаат проблем, после кои би требало да се види дали има смисла и понатаму да се трудите, а на многумина им се ближи крај. Размислете дали вашата врска има рамнотежа помеѓу вас и партнерот. Слободните поединци би можеле да влезат во нова всрка, која може нема да биде како што сте очекувале.
Девица (23 Август - 22 Септември)
Оваа недела е на успеси и падови, ќе предизвика промени во рамнотежата на приватните и работните задачи и проблеми. Во еден час ќе ве оптоваруваат работните задачи, а веќе во следен момент мислите ќе ви бидат исклучиво во семјната ситуација. Финансиски гледано, оваа недела можеби би требале повеќе да штедите, малку да трошите бидејќи се приближува долгата и студена зима.
Љубов: Ако се чувстувате осамени или можеби имате проблем со зближување со некои, сепак немојте да ги покажете сите свои карти. Кај Девиците во врска можно е да се појави љубомора, која нема да биде лесно да се надвладее. Во брачниот живот страстите малку ќе се намалат, што е изразено кај партнерите кои припаѓаат во групата на огнени знаци.
Вага (23 Септември - 22 Октомври)
Со многу труд, исцрпување и тешка работа, секој ден ќе паѓате на земја. И покрај тоа, ни забавата нема да биде во втор план. Како и да е, вечерните излегувања ви даваат издишка после напорниот работен ден. Исто така, би требало да имате многу трпение и да се организирате, за да ви оди полесно работата.
Љубов: Во новата љубов не би смееле да се занесувате премногу бидејќи тоа ќе ве оддалечи од трезните размислувања кои инаку вас ве красат и би можеле да донесете некои погрешни одлуки. Мора да сфатите што сакате во согласност со тоа да комуницирате и да делувате. Слично вреди и за самците кои не треба да трчаат напред, посебно пред оваа недела.
Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)
Иако можеби не можете да ги изброите низата од победи и да ги преточите во сериозен успех, но ако цело време сте штеделе, дојде времето за трошење. Можеби ќе дојдете при шанса да ризикувате со таа заштеда, можеби дури и на коцкање, но пред се размислите колку сте се мачеле да заработите.
Љубов: Љубовта ви е приоритет оваа недела, но за ваша жалост, сексуалното искуство нема да биде толку сјајно. Без грижа, тоа сепак вас не би смеело да ве оддалечи од партнерот, бидејќи влијанието на Венера наговестува пред се романтика. Самците нека не се грижат што немаат некој зад себе, бидејќи тоа би можело наскоро да се промени, а вие ќе го надокнадите пропуштеното.
Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)
Би морале да ги разгледате и да ги прилагодите своите работни и општо животни цели. Време е да покажете се што знаете. Настапете собрано и реализирајте ја својата способност. Ако сте размислувале за компанија, добар момент е да започнете со нов бизнис, посебно во огласување, продажна или техолошка дејност.
Љубов: Среќата во фамилијата и пријателската атмосфера ќе влијаат на поврзаноста со брачниот партнер кај Стрелците во брак. Иако се ќе изгледа идилично, вашата енергичност би можела да доведе до нагли реакции, затоа бидете малку повнимателни. За самците оваа недела е добра за пронаоѓање на нова љубов.
Јарец (22 Декември - 19 Јануари)
Ве очекува недела со зголемена работа во која ќе бидете значајно активни на работа. Ќе уживате во многуте обврски, кои ќе ги исполнувате без поголеми проблеми. Вашата силна енергија би можела да предизвика неорганизираност па затоа е мудро добро да размислите пред донесување на одлуките. Некои од нив добро е и да ги преспиете пред последната одлука.
Љубов: Недела полна со ветувања за подобрување на брачните односи, со многу разбирање и силна желба за разговор, како во вас, така и кај партнерот. Ќе постапите во согласност со својата страст, што во вашата врска добро поминува. Јарците во врска ќе се сложуваат со партнерот, а чувствата ќе бидат взаемни. За останатите е мудро трпеливо да чекаат и внимателно да анализираат.
Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)
На работа ќе уживате во наклоноста и почитувањето на колегите, нижејќи прекрасни проекти и оригинални решенија. Дали е тоа конечно она по што сте тежнееле? Новите преговори и договори се поголеми од вашите примања и треба да се пазите од трошење над своите можности. Чувајте се од непотребните купувања и излети во минус.
Љубов: Овие денови е полесно да ве повредат од обично, што кај вас за жал, е уште еден во низата на такви периоди. Недоразбирањата се можни во вашите врски, затоа немојте да бидете брзоплети на јазик. Пролазните врски и нејасните односи никако не се она што на вас слободните Водолии сега ви е потребно.
Риби (19 Февруари - 20 Март)
Новата работна недела ви носи многу шанси за просперитет во работата, а за она што нема да ви биде по ваша волја, причината би требало да ја побарате тргнувајќи од самите себеси. Енергично ќе ја извршувате својата работа, но за жал тоа нема да го спречи насобирањето на работа. Надредените се подготвени да ви излезат во пресрет во поглед на слободните денови, но не и за зголемувања на платата.
Љубов: Љубовните односи ќе ве заобиколат оваа недела, во смисла дека ќе посакате да се исповедате и на непознати лица дури за своите чувства, а сето тоа откако ќе дознаете за некоја непријатна вест. Рибите во брак ќе чувствуваат силна поврзаност во потрага и потреба за запознавање и возбудување.Много повише на www.kumanovac.com
понеделник, 8. февруари 2010. 08:39 Прочитај ја целата статија Кумановац - Е Баш е Супер!
[Сочувај] Тагови вицови за комшие за секс клипови музика стрипче










